Сите обвиненија и сите постапки кои ги водела Рускоска, биле во координација со луѓе на Заев. Биле нарачувани медиумски хајки и тортура против политичките противници на Заев.

Објавил: Владо Марин | 14 јули, 2021 7:20

Новата Катица на Зоран Заев е Вилма Рускоска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Истите луѓе од врвот на СДСМ со кои што Јанева ги спремала обвиненијата, соработувале и со Вилма Рускоска.

Сите обвиненија и сите постапки кои ги водела Рускоска, биле во координација со луѓе на Заев. Биле нарачувани медиумски хајки и тортура против политичките противници на Заев.

Обвинителството на Рускоска и Јовевски ги работело и ги работи истите постапки како и СЈО на Катица Јанева. Личниот интерес на Заев, политичките интереси на СДСМ и бизнис потребите на елитата на власт е единствениот приоритет по кој работеле и Катица и Вилма.

Јавното сведоштво на еден од учесниците во сите овие средби е доволен доказ и за оставки на Рускоска и Јовевски и за сериозни кривични истражни постапки на независни и непартиски обвинители кои не се во приватното друштво на кланот на Заеви, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести