Водачите на Западен Балкан мора да бидат посигурни во исполнувањето на нивните обврски

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2020 7:54

Новата методологија на ЕУ нова рачна кочница за земјите од Балканот?

Фото/Текст извор: ©еуњуз

Брисел 5. Февруари 2020. Денеска ќе биде претставена новата методологија  за проширување на ЕУ . Истата предвидува посилни финансиски и политички мотиви за земјите од Западен Балкан уште во фазата на пристапувањето, но и можноста преговорите да бидат стопирани доколку кандидатите не ги исполнуваат критериумите.

Нацртот на овој документ сугерира дека поглавјата за преговори треба да бидат организирани во шест тематски целини што може да се отворат во групи и истовремено. 

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Варели,денес ќе го претстави предлогот за нова методологија на политиката на проширување, кој треба да укаже на излез од кризата во која се наоѓа политиката на проширување и да овозможи консензус за отворање преговори со Македонија и Албанија во првата половина на оваа година.

Нацрт предлогот е заснован на четири главни принципи: кредибилитет, предвидливост, подинамичен пристап и посилно политичко управување на процесот.

„Политиката за проширување мора да биде попредвидлива и поверодостојна – заснована врз објективни критериуми, ригорозна позитивна и негативна условеност и реверзибилност и да биде подинамична и посилно политички водена“, се наведува во нацрт-документот.

Предложените измени може да се спроведат и во постојните рамки за преговори (со Србија и Црна Гора), со што ќе се обезбедат еднакви и фер правила за сите во регионот, се вели во предлогот на Европската комисија и се истакнува дека „рамковните преговори за Србија и Црна Гора нема да бидат променети, туку предложените мерки ќе бидат спроведени во постојните рамки со договор и согласност од двете земји“.

Водачите на Западен Балкан мора да бидат посигурни во исполнувањето на нивните обврски во областа на владеењето на правото, економијата, во функционирањето на демократските институции и во други области.

Од друга страна, ЕУ исто така треба да ги исполни своите обврски: штом земјите-кандидатки ги исполнат потребните критериуми, земјите-членки треба да го одобрат следниот чекор во процесот, според предлогот, кој ќе биде официјално објавен во седиштето на Европската комисија.

Комисијата исто така најавува дека ќе се воспостават патокази за владеење на правото, слични на претходните акциони планови, како и патоказот за функционирање на демократските институции.

Нацрт-методологијата предлага редовни собири на самитот ЕУ-Западен Балкан и засилени контакти на министерско ниво.

Посебните меѓувладини конференции за секоја земја-кандидат треба да се организираат по годишните извештаи на Европската комисија, за да се разгледа напредокот и плановите за наредниот период.

Европската комисија предлага да ги групира поглавјата на преговорите во шест тематски целини, понзати како кластери.

„Преговорите ќе бидат отворани за секој кластер како целина, наместо за поединечни поглавја. Откако ќе се исполнат критериумите за отворање, кластерите ќе се отворат без дополнителни услови и ќе бидат утврдени критериуми за затворање“, се вели во методологијата.

„Политиката за условеност треба да биде појасна отколку што беше досега и земјите од Западен Балкан имаат јасна слика за тоа што очекува ЕУ во различни фази на процесот, така што Европската комисија ќе ги дефинира поточно условите потребни за напредок“, се наведува во предлогот.

Европската комисија истовремено предлага поголема финансиска помош и инвестиции, преку зајакнување на претпристапните фондови на ИПА.

Исто како што напредокот бара посилни стимуланси од ЕУ, во случај на сериозен и долготраен неуспех, потребни се и порешителни мерки за отстранување на оваа состојба, проценува Европската комисија.

Во таков случај, Комисијата може да предложи запирање или суспендирање на преговорите, по своја иницијатива или на предлог на земјите-членки.

„Преговорите може да се запрат само во некои области, или во најлоши случаи да запрат целосно, додека сумата за финансиска помош може да се намали, како и другите стекнати придобивки“, се вели во предлогот за новата методологија за проширување што ќе ја претстави еврокомесарот Оливер Варели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.