Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Објавил: admin@magazin | 4 октомври, 2021 7:54

НОВАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ПОИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа од среда и тоа особено навечер и во текот на ноќта кон четврток следува ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и од запад ќе се прошират врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели, каде особено во четврток и во петок локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува и слаб до умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденицја на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и од четврок ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток следува промена на времето проследена со врнежи од дожд и со опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури особено од четврток ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...