На забелешката на соговорникот дека „Албанците имаа борци“, Заев одговара дека низ светот лесно се наоѓаат борци и дека Албанците се борат за пари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 18:19

(НОВА АУДИО БОМБА) Заев: Шиптарите пет банки не вредат на пазарот на гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деновиве нови бомби одекнуваат во јавноста за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Денеска исто така на каналот на Јутјуб се појави нова снимка на разговор на Зоран Заев, во која тој зборува за влијанието на Албанците на изборите и колку вредат албанските гласови.

Тие не вредат ни пет пари на пазарот на гласови – му вели Заев на својот соговорник.

Во разговорот поранешниот премиер Заев вели дека по изборите Албанците не можат да имаат премногу барања, затоа што немаат што да понудат.

На забелешката на соговорникот дека „Албанците имаа борци“, Заев одговара дека низ светот лесно се наоѓаат борци и дека Албанците се борат за пари.

Вчера исто така беше објавена бомба во која Заев зборува за неговите услови за да се „договори“ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, барајќи му противуслуга за да не објавува од нелегално прислушкуваните разговори за него.

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести