Рекламата предизвика голем интерес во јавноста. Едни пишуваат дека Питер ја искористува позицијата за да го зголеми салдото, додека други едвај чекаат да го пробаат млекото.

Објавил: Весна Петровска | 22 јануари, 2020 15:08

Нова брука во кралството: Кралицата Елизабета се уште не го надмина шокот со Хари, а веќе ја посрамоти уште еден внук

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Три децении вниманието на јавноста е насочено кон принцовите Вилијам и Хари па често се заборава дека тие се само двајца од осумте внуци на Кралицата Елизабета Втора.

Додека целиот свет го тресе Мегзит, најстариот внук на кралицата Питер Филипс (42) се појавува во кинеска реклама за млеко.

Филипс во рекламата позира со чаша млеко, а во позадина се наоѓа куќа која наликува на Лонглит во Вилтшир.

Рекламата предизвика голем интерес во јавноста. Едни пишуваат дека Питер ја искористува позицијата за да го зголеми салдото, додека други едвај чекаат да го пробаат млекото.

Пред 12 години Питер се ожени со Отомн Кели од Канада, а фотографиите од венчавката екслузивно ги продадоа на еден портал. Се запознале во 2006 година на автомобилски трки во Монтреал.

 

За потсетување, по одлуката на Хари да се откаже од кралските обврски кралицата Елизабета се огласи до јавноста преку соопштение.

Кралицата во соопштението наведува на состанок на највисоките членови на кралското семејство на приватниот имот Сандригнем бил контруктивен.

Таа додава дека е договорен преоден период во текот на кој војводата и војвотката од Сасекс времето ќе го минуваат во Канада и Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.

Кралицата напоменува дека се уште има прашања што треба да се решат, но дека сака со нив да се позанивама во следните денови.

Кралицата Елизабета Втора (93) за денеска го повика својот внук Хари на „кризен состанок“ за да разговараат за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, по изнанадувачката најава на двојката дека сака да се повлечат од кралските должности.

На состанокот на имотот во Норфолк, на истокот од Англија, присуствува и таткото на Хари и наследник на престолот, принцот Чарлс, и неговиот постар брат, принцот Вилијам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.