Михајловиќ после поразот против Јувентус на своите играчи им соопштил дека е премногу горд на начинот на кои го одиграле натпреварот.

Објавил: admin@magazin | 23 октомври, 2019 0:04

НОВА ДРАМА НА СРПСКАТА ЛЕГЕНДА: Синиша Михајловиќ повторно заврши во болница!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тренерот на Болоња и легендата на српскиот фудбал, Синиша Михајловиќ, повторно се наоѓа во болница за да ја прими третата хемотерапија, пренесуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ после поразот против Јувентус на своите играчи им соопштил дека е премногу горд на начинот на кои го одиграле натпреварот, а италијанскиот лист “Gazeta del Sport” пренесува дека истата вечер Михајловиќ е пренесен на клиниката “Sant Orsola”.

Првите две терапии поминаа одлично, пишуваат италијанските медиуми, па се надеваат дека и оваа терапија ќе помине во најдобар ред.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ пред неколку месеци одлучи да ја прекине кариерата и комплетно да се насочи кон лекување од тешката болест која неодамна му беше откриена.

Синиша Михајловиќ пред неколку месеци одлучи да ја прекине кариерата и комплетно да се насочи кон лекување од тешката болест која неодамна му беше откриена.

Легендата на српскиот фудбал и членот на златната генерација на Црвена Ѕвезда на официјална прес-конференција соопшти дека боледува од леукемија.Синиша Михајловиќ е српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. 

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А заедно со Андреа Пирло (28).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.