Министерот упати порака и до пекарниците, доколку е изводливо да организираат шалтерски систем на работа, односно да се ограничи влезот на потрошувачи внатре во просториите.

Објавил: Едмонд Бекири | 14 март, 2020 14:32

НОВА ЗАСИЛЕНА МЕРКА НА ВЛАДАТА: Ова е новиот заштитен предлог против КОРОНА ВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција упати препорака од Комисијата за заразни болести до Владата да се затворат сите трговски центри за да се спречи ширењето на вирусот КОВИД-19.

Филипче упати порака и до пекарниците, доколку е изводливо да организираат шалтерски систем на работа, односно да се ограничи влезот на потрошувачи внатре во просториите.

„Во Дебар болницата е добро организирана, епидемиолог и инфектолози се на располагање за сите пациенти од овој регион. Директороот на дебарската болница е одговорно лице. Посебен дел од болницата е за преглед на сите пациенти од овој регион кои имаат симптоми. Сите други лекари се во целосна подготвенот Снабдувањето на аптеките во Дебар од веледрогериите оди согласно новите процедури и правила за влез и излез од градот“, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека во Скопје нема нови луѓе во карантин поврзани со директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус.

Ги чекаме резултатите на четирите пациенти од вчера, а од нив едно лице е 15 годишно момче со лесна форма на болест. Од денеска се тестираат уште 7 лица, од кои шестмина се од Дебар. Од тие шестмина, четворица имале директен контакт на заболените. Брисеви се земени и од епидемиологот и техничарот.

Уште едно лице странски државјанин од Битола утрово се јави за тест. Двајца македонски државјани, дојдени од Шпанија, македонски државјани, утрово се јавиле на преглед заради покачена температура, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.