Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2020 15:52

НОВА МЕГА БОМБА: Заев се договарал со Мијалков, знаел дека Шилегов “дрпа пари” (АУДИО)

Фото/Текст извор: ©инфомакс.мк

Нови бомби и денеска осамнаа на социјалната мрежа „ЈуТјуб“  а на нив се слуша гласот на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во врска со неговото политичко делување, пишува Инфомакс.мк.

Според она што може да се слушне, Заев зборува за неговите услови за да се „договори“ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, барајќи му противуслуга за да не објавува од нелегално прислушкуваните разговори за него.

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

ХХ: Значи Сашо спремен е за договор. Сашо.

Зоран Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

ХХ: Еве јас ако ти ветам дека ќе…м?

Зоран Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Зоран Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во општина Струмица.

ХХ: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Зоран Заев:…на контрола

ХХ: На контрола. На контрола врз општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Зоран Заев: Се е регуларно, се е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлеечат се…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат се со решение.

ХХ: Добро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести