Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Објавил: Владо Марин | 8 мај, 2020 18:37

НОВА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА: Скратен полицискиот час за викендов, дозволено движење од 05 до 19 часот

Фото/Текст извор: ©Magazin

На тековната седница на Влада донесена е одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Со масовниот собир вчера во Струга и по одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај, министерот Филипче утринава разговарал со поглаварите на ИВЗ и МПЦ  и побарал да се придружуваат до мерките за заштита од коронавирусот и да не се организираат верски собири

Нема да има посебни мерки за Струга по вчерашниот масовен собир при Литија за верскиот празник „Св. Ѓорѓија“  кога илјадници граѓани излегоа на улиците, не држеа дистанца и не носеа маски, рече Филипче!

„За Струга посебни мерки нема да има , дури ако трендот со нови заболени продолжи како и досега(исклучок е вчерашниот ден) ќе има олабавување на мерките и во овој регион.
Но, ваков настан, ваков масовен собир кога и да се случи преставува сериозен ризик, вирусот може да се прошири и да не врати назад“, изјави министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...