Според анализите на познатиот метеролог Славчо Поповски, не очекува потопло време кое веќе ќе наликува на лето а токму ова е периодот на значителна потопла воздушна маса која продира од југ кон нашите предели од Европскиот Континент.

Објавил: Весна Петровска | 18 мај, 2019 19:42

Нова прогноза: Повторно темни облаци над Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Според анализите на познатиот метеролог Славчо Поповски, не очекува потопло време кое веќе ќе наликува на лето а токму ова е периодот на значителна потопла воздушна маса која продира од југ кон нашите предели од Европскиот Континент.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе започне да дува и јужен и југоисточен ветер кој особено утре ќе биде засилен на интензитет на повеќе места низ државава. Денес попладне особено на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи а утре и во понеделник повторно се очекува нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите во текот на следниот период можно е да се искачат и до 30 степени а УВ индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9. Да напоменеме дека во следните денови поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава повторно ќе се врши транспорт на прашина и на песок. Сепак и покрај ова студените денови завршија со што можете да уживате во многу потоплите денови и покрај нестабилноста која ја очекуваме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...