За жал сообраќајната несреќа била фатална за младиот Ѓ.В. кој  починал на местото на настанот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 10:48

Нова Трагедија во Македонија: Почина млад мотоциклист

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Вчера вечер животот го изгуби уште еден млад мотоциклист.

Вчера во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.

Согласно наведеното, може да се заклучи дека, мотоциклистите се ранлива категорија учесници во сообраќајот, директно изложена на опасностите што постојано демнат во сообраќајот и кај која ризикот за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок.

За жал сообраќајната несреќа била фатална за младиот Ѓ.В. кој  починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Според податоците на РСБСП, доколку се земе во предвид колкав дел од сообраќајот им припаѓа на мотоциклистите и колкаво е нивното учество во вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, може да се каже дека мотоциклистите се најзагрозена и најнебезбедна група учесници во сообраќајот. Имено, повеќе од 10% од жртвите во сообраќајни незгоди се мотоциклисти, а истовремено мотоциклистите опфаќаат само околу 0.5% од вкупниот сообраќај.

Мотоциклистите се ранлива категорија учесници во сообраќајот, директно изложена на опасностите што постојано демнат во сообраќајот и кај која ризикот за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок. Во просек, годишно во Република Македонија, околу 15 мотоциклисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...