Водителот и новинар Саше Димовски објави ексклузивна информација за снимките кои ги објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 0:35

Новинарот Димовски открива: Еве со кого Заев разговарал во бомбите кои ги објави Милошоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во емисијата  „Што не е јасно?“ гостуваше обвинителката Вилма Русковска на која пред два дена Милошоски и ги достави аудио разговорите на кои се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Водителот и новинар Саше Димовски објави ексклузивна информација за снимките кои ги објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Имено новинарот денеска пред јавноста откри дека оној кој што снимал всушност е обвинетиот во „Империја“ и рекетиран од страна на власта, Цветан Панделевски.

Саше Димовски го поврза Зоран Заев директно со случајот „Рекет“.

-Добивте две снимки минатата недела, денеска дел ги искоментиравте. Му порачавте на Антонио Милошоски кој ви ги предаде снимките да предложи и сведоци. Рековте дека нема да барате од Владата кој се влегувал во тие 30 дена на месец мај на средби со премиерот тогашен Зоран Заев, за тоа кој влегувал во Владата за да видиме дали е тоа автентично. Ако јас вечерва ви речам дека на една од снимките на која премиерот зборува за ситуацијата во Врховниот суд, му објаснува според моите сознанија, на Цветан Панделевски. Цветан Панделевски утре ќе се појави како сведок во постапката „Рекет“, дали ќе го прашате дали тој бил на средбата со премиерот, запраша Димовски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести