Старото добро ВМРО ДПМНЕ се враќа... “Патриотите” повторно ја спасуваат државата од измислените непријатели.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 декември, 2019 15:56

Новинарот Фуркан Салиу го возвраќа ударот: “Патриотите” ја спасуваат државата од измислените непријатели

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Фуркан Салиу на својот Фејсбук профил жестоко удри по портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ Димса Арсовски. Тој во својот статус објавен по реакцијата на Арсовски вели дека се враќа старото добро ВМРО, А ПАТРИОТИТЕ ЈА СПАСУВААТ ДРЖАВАТА ОД ИЗМИСЛЕНИ НЕПРИЈАТЕЛИ КАКО ШТО го нарекува тој Мухамед Зекри.

Старото добро ВМРО ДПМНЕ се враќа… “Патриотите” повторно ја спасуваат државата од измислените непријатели.Верувам дека знаеш, а може и да не знаеш, можно е само да го читаш тоа што ти го пишува Александар (миленикот на Ж), а можеби и статусот он ти го напишал… Случајот „Монструм„ е во тек, а тие се невини се додека не се докаже спротивното
Јас имам само еден ментор, тој работи во телевизија… Твојот е во Будимпешта! Кукавица, азилант, исто како неговите ученици што ги остави зад себе, ниту еднаш не се соочија со нивното минато, не го осудија, продолжуваат по старо, пошто патот им е трасиран, така им е полесно.
А ако сакаш да зборуваме и за лажни вести, нема проблем… Ќе треба да викнеме и некои од вашите пратеници.

 

Новинарот во својот статус посветен на портпаролот на ВМРО возвраќа и вели дека уште долго ќе го гледа како новинар. Имено ова се однесува на делот каде портпаролот вели дека има чувство дека новинарот сака да ги следи стапките на својот пријател Зекири.

Јас знам дека се ближат избори и не знам, ама можеби и Фуркан сака да биде пратеник како неговиот идол и ментор Мухамед Зекири, па можеби сега одработува одредена агенда на СДСМ, ама мислам дека рано му е да следи нечии агенди исто како што беше со “Fake news” сликата од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Димче Арсовскина што новинарот возвради:

“Знам дека и ти посакуваш Фуркан да биде стане политичар, ама ќе ме гледаш уште многу долго како новинар. Ќе ме гледаш во очи на твоите прес конференции, исто како што ме гледаше на 27 април пред кабинетот на претседателот на Собранието.
Ќе ве чекам пред белата палата исто како што ве чекав пред суд, и пред Шутка!
Ќе бидам овде секогаш кога Димче Арсовски ќе се обиде да етикетира, да ја лаже јавноста и да манипулира.Ова не е ниту прв, а верувам дека нема да биде ни последен пат некој да се обидува да ме етикетира… Но за среќа таквите обиди доаѓаат од луѓе како Димче Арсовски, луѓе што седат на иста маса со воени злосторници, криминалци кои што злоупотребувале државни функции, а меѓу нив има и насилници а богами и убијци кои што со помош на партијата избегнаа затворски казни.
Dimsa Arsovski, ако некој друг ти го напишал статусот, простено ти е…. Ако не е така, спремај се “.

 

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...