На вчерашната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска во обраќање го коментираше CV-то на новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 15:35

НОВИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ТОП ТЕМА ВО СОБРАНИЕТО: Во CV-то во делот познавање на странски јазици навел познавање на македонски јазик

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани топ тема во Собранието.

На вчерашната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска во обраќање го коментираше CV-то на новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани.

Новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани предложен од страна на СДСМ во делот познавање на странски јазици го има наведено македонскиот јазик меѓу српскиот и англискиот јазик.

Новиот заменик министер за здравство во CV-то во делот познавање на странски јазици навел познавање на македонски јазик

Ласоска му предочи на премиерот Зоран Заев дека требало да му каже на новиот заменик министер за здравство дека македонскиот јазик не е странки јазик во Република Македонија.

-Во CV-то кое што го има пуштено до Собранието на Република Македонија младиот специјализант господинот Арменд Арслани во познавање на странски јазици замислете запишал македонски, англиски и српски. Господнине Заев вие тука ставате рака на срцето и пред цела јавност велите дека идентитетот ни е бетон, јазикот ни е бетон, требало да му кажете на идниот претпоставувам нов заменик министер дека македонскиот јазик не е странски јазик во Република Македонија, кажа Ласоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.