Според неа целата оваа концепција личи на некаков спин, за оттргнување на вниманието од други значајни теми во државата. Можеби политички, можеби само да се сместат 21.5 милиони долари или евра од Светска банка, со еден административен потег без воопшто да се земат во предвид последиците во образовниот систем.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 февруари, 2021 11:35

Новиот образовен концепт е само обид да се сместат 21.5 милиони евра од Светска банка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска изрази сомнеж дека новата концепција ќе донесе резултати и ќе го подобри квалитетот на образовниот систем.

Според неа целата оваа концепција личи на некаков спин, за оттргнување на вниманието од други значајни теми во државата. Можеби политички, можеби само да се сместат 21.5 милиони долари или евра од Светска банка, со еден административен потег без воопшто да се земат во предвид последиците во образовниот систем.

-Финансиски план за оваа концепција нема. Сите го потврдија хибридниот режим во државата, Транспаренси кажа за корупцијата и правото и така натаму. Какво ни е општеството такво ни е образованието, ама таква ни е и концепцијата. Предложената концепција за основното образование, поради многуте негативни реакции од страна на стручната јавност затоа треба да се повлече од страна на МОН, децидна е Јаневска.

Таа смета дека и при идни концепти треба да се напушти концептот на интегрирани предмети и задолжително да се консултираат сите образовни институции. Соодветно образованието да започне со изработка на нови наставни планови и програми. Паралелно да се донесе нов закон за изработка на учебници и наставни помагала во кои ќе се стави процедурата за користење на дополнителни материјали и референци кои наставниците ќе ги користат како проверени извори.

-Паралелно да се побара реформа на наставничките факултети, за усогласување со новите наставни планови и програми. Да се обезбеди континуирана поддршка, односно обука на наставниците од страна на релевантни и стручни институции. Да се обезбедат услови за модерна настава со стандардни услови за престој во училиштата и модерни опремени кабинети. А не во следните десет години. Да се подготви нов план за пристапување кон суштински реформи во образованието, да се изготви анализа и детален финансиски план за спроведување на реформата во образованието и континуирано од страна на образовните институции да се прават анализи за ваквите концепти, кои што влијаат врз квалитетот на образованието и излезните резултати на учениците, рече Јаневска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести