ИВЗ вчера соопшти дека поради коронавирусот, нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан-бајрам.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2020 18:46

Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на својата официјална Фејсбук страна, новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху информираше дека е позитивен на коронавирус.

Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.

Моментално, се е нортмално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава Фетаху, а пренесуват албанските медиуми.

ИВЗ вчера соопшти дека поради коронавирусот, нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан-бајрам.

За потсетување, Фетаху беше назначен за нов реиз, во мај годинава кога на вонредна седница на Риасетот на Исламската заедница, мнозинството муфтии (две третини) одлучило да го разреши поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави тогаш Ефенди Шаќир Фетаху по одржувањето на вонредната седница на риасетот на ИВЗ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести