Министерот Османи веќе оствари средба во Берлин со шефицата на бугарската дипломатија Генчовска. Тој за ТВ 24 кратко одговори дека обидите за дијалог со Софија продолжуваат и кажа дека денеска

Објавил: Перо Милчин | 16 мај, 2022 18:09

НОВИ БАРАЊА НА БУГАРИЈА ДО МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©телевизија 24/магазин.мк

Македонија е единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, вели премиерот Ковачевски.

Последното барање на бугарскиот премиер за отстранување на ветото – Македонија да направи посебна институција наменета за правата на Бугарите доби соодветен одговор, а Ковачевски порача дека институциите за заштита на помалите етнички заедници можат дури и да го зголемат капацитетот. 

Ние сме единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, ние сме единствени во Европа каде имаме законски решениија со кои што се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисол- од корисење на јазици до еднаков пристап на вработувања во јавниот сектор, преку институции. – изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

Министерот Османи веќе оствари средба во Берлин со шефицата на бугарската дипломатија Генчовска. Тој за ТВ 24 кратко одговори дека обидите за дијалог со Софија продолжуваат и кажа дека денеска во Брисел на Советот за надворешни работи на ЕУ, им порачал на министрите дека со војната во Украина стартот на преговорите на Македонија со ЕУ е неопходен. 

– Ја претставив нашата позиција по однос на војната во Украина, но и ја повикав Европската Унија да го препознае моментот, да ја препознае зрелоста на Северна Македонија во стратешкото позиционирање и исполнување на критериумите и без одлагање да ги започне преговорите, а со тоа да го зачува кредибилитетот на европскиот процес во регионот. – изјави Бујар Османи МНР.

И еврокомесарот за проширување Вархеји денеска пред состанокот на шефовите на дипломаатиите, на твитер порача дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е едниствената гаранција за мир и побара ЕУ итно да донесе одлуки. Вархји се очекува во четвток повторно да ја посети Софија. 

А бугарскиот претседател Радев денеска е во офцијална посета на Берлин и оттаму порача дека позицијата кон Скопје не ја менува, а односите со бугарската влада ќе му зависат од спорот со Македонија.

Имаме некои разлики и ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со Владата. – изјави Румен Радев претседател на Р. Бугарија.

Во последниот период пораките од Софија се дека бугарската влада е на стаклени нозе поради Македонија, а Петков вчера ја откажа и посетата на Скопје на 22 мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...