Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2020 17:29

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Фото/Текст извор: ©телма.мк

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција и да дадат изјава. Инспекторите за организиран криминал и корупција досега ги поканија само Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец, но не и Заев и Мицкоски чии гласови се слушаат на бомби или пак се зборува за нив, објави ТЕЛМА.МК.

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Извори од полицијата за Телма тврдат дека Кичеец ја потврдил автентичноста на разговорите во кои тој се слуша како зборува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со црногорскиот бизнисмен Дака.

Тврдел дека не ги снимал разговорите, не земал пари како што се слуша во еден од разговорите кој според него е снимен на средба пред 3 години. Разговорот со инспекторите траел околу половина час.

Адвокатот на Зоран Милески-Кичеец за Телма потврди дека бил на распит и дека Кичеец бил прашан само дали на снимката го препознава неговиот глас, што тој потврдил. Други детали не биле разгледувани.

За Милески се објавени два различни разговори, еден со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски исечен на повеќе парчиња, а снимен за време на ланската изборна претседателска кампања. Вториот е со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, каде меѓу другото зборуваат и за поранешниот премиер Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести