Жената што ги брои парите на снимката, „А1он“ дознава дека е сметководителката на Орце Камчев. Откако ги изброиле парите, Камчев му рекол на Боки 13:

Објавил: Весна Петровска | 8 август, 2019 12:49

НОВИ ДЕТАЛИ:Откако ги зел парите од Камчев, Боки 13 се јавил кај вработен во МВР да праша дали го следат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако италјанските медиуми објавија видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоран Кичеец излегуваат од домот на Јордан Камчев со црна торба во јавноста испливуваат ушѕе интересни детали поврзани со случајот „Рекет“.

Интересно е што Бојан Јовановски и Зоран Милевки се сомневале дека се следени откако излегле од домот на бизнисменот Орцо Камчев, дознава А1он.

Како што објави порталот, Боки 13 веднаш штом излегол од домот на Камчев се јавувал кај човек во МВР или припадник на единицата „Алфи“ за да праша дали некој го следи. Засега не се открива кај кого се јавувал.

Жената што ги брои парите на снимката, „А1он“ дознава дека е сметководителката на Орце Камчев. Откако ги изброиле парите, Камчев му рекол на Боки 13:

„Е, Боки и спецификација на парите сум ви направил“.

Во домот на Камчев Кичеец и Боки 13 ги добиваат парите во чанта од „Луј Витон“ вредна околу 5 илјади евра. На снимката објавена во италијанскиот весник, во делот каде што не се слуша тон, Боки 13 му рекол на Камчев „Јас мислев во ќеса ќе ми ги дадеш“, а бизнисменот му враќа „Не личи Боки тебе во кеса да ти ги давам.

За потсетување, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) се приведени од страна на полицијата на 15 јули и по експресен пат добија 30-дневен притвор.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.