Вечера вечер во доцните часови пред влезот на скопската населба Драчево се случи тешка сообраќајка во која животот го загубија 5 лица.
Според најновите информации во тешка сообраќајка кај Драчево блиску до бензинската станица „Лукоил„ вчера во доцните часови, се судрија рено5 кампус и камион за собирање ѓубре.
Според првите, нeoфициjaлни информации, во нecpeќaтa нacтpaдa цело ceмејство, а помеѓу загинатите во сообраќајката има и деца.
Во сообраќајката настрада поранешен полицаец вработен во ПС Драчево.
На местото на несреќата излезе увидна екипа, заедно со јавен обвинител. Тројца од настраданите починале на самото место, а другите две лица биле однесени на клиника, каде им подлегнале на повредите.
Се уште нема точни информации како точно се случила несреќата, но првичните информации велат дека возачот на автомобилот влегол во спротивната коловозна лента и со голема брзина удрил во камион на Комунална хигиена.
Повеќе детали од МВР најавија за текот на денешниот ден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.