Како што објавија од министерството Актерката била дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија. Главен организатор на целата акција бил нејзиниот сопруг Војислав Будисављевиќ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 декември, 2019 16:21

НОВИ ДЕТАЛИ: Силвија Стојановска со своја картичка платила апартман во Шпанија и земала 10.000 евра од непознато лице

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин каде беше вмешана и познатата македонска актерка Силвија Стојановска, мајката на Ана и Јана Стојановски. 

Како што објавија од министерството Актерката била дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија. Главен организатор на целата акција бил нејзиниот сопруг Војислав Будисављевиќ.

Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин во која беше уапсена македонската актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.

Како што објави МВР, Силвија Стојановска резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.

Во акцијата бил вмешан и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.

За транспортот на дрогата биле исплатени 850.000 евра.

Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.

-С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10.000 евра од НН лице. Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уапсени лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кокаин, појасни министерот Оливер Спасовски.

За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и сите имаат притвор. На Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.