Според извештајот од американската Национална комисија за безбедност во сообраќајот хеликоптерот немал црна кутија, односно дека за тоа летало не бил потребен уред за снимање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 12:02

НОВИ ДЕТАЛИ: Хеликоптерот во кој загина Коби немал црна кутија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хеликоптерот Сикорски С-76Б, направен во 1991 година, со кој загина светската кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, неговата 13 годишна ќерка и уште седум лица кои биле во хеликоптерот, немал црна кутија.

Според извештајот од американската Национална комисија за безбедност во сообраќајот хеликоптерот немал црна кутија, односно дека за тоа летало не бил потребен уред за снимање.

Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“.

Се уште не е позната точната причина за падот на хеликоптерот, а Џенифер Хоменди од Националната комисија за безбедност во сообраќајот изјави дека во такви услови преживувањето на несреќата било тешко.

Според она што вчера излезе во медиумите хеликоптерот бил предупреден дека летал ниско. 

-Додека летал над центарот на Лос Анџелес, тој исто така прелетал и низ салата каде Брајант ја помина својата 20-годишна кариера. Продолжил според планот и можел да го следи автопатот, бидејќи и пилот без ориентација може да се снајде во ЛА само следејќи го сообраќајот, обајснуваат.

Коби Брајант и осум други лица летаа кон кошаркарската академија на познатиот кошаркар Брајант, на натпревар на екипата која Коби ја тренирал а во која играла и неговата ќерка .

Летот требало да трае околу околу 40 минути, бидејќи ги чекало патување од околу 112 километри на северозапад. Планирано е хеликоптерот да го прелета центарот на Лос Анџелес, потоа преку долината Сан Фернандо северно од градот, а потоа до својата крајна дестинација над ридско подрачје кое води кон запад, преку Таузенд Окс.

Во експертска анализа на фаталниот лет, „Њујорк магазин“ се обиде да реконструира како се одвивале работите и што довело до тоа пилотот Ара Зобајан да ја изгуби контролата.

Авторот Џеф Вајс објави дека пилотот во текот на летот се потпирал на својот поглед од кабината кон теренот и дека затоа морал да остане под облаците. Во спротивно, би морал да се префрли на „правилата за инструментален лет“ со кои електронски би добил насоки како да се спаси од опасниот терен, комплицирано време и други летала.

-Меѓутоа, воздушниот простор над Јужна Калифорнија е многу зафатен и можеби би ви рекле да чекате еден час. А, ако го побарате тоа, тогаш сте само еден од многуте кои чекаат, без разлика на тоа што сте Коби Брајант“, рекол авторот Пол Клајн, професор асистент по авијација на Градскиот универзитет во Њујорк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.