Анџело Борели, шеф на регионалната агенција за цивилна заштита, рече дека сите тројца што починале денеска биле постари лица, на 83, 84 и 91 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 23:35

Нови четири смртни случаи од коронавирусот во Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До сега 11 лица починаа како последица од новиот смртоносен коронавирус, објавија денеска регионалните власти во Ломбардија.

Шефот на регионалната агенција за цивилна заштита, Анџело Борели, денеска изјави дека сите починати пациенти биле постари лица, на 83, 84 и 91 година.

Бројот на починати, според најновите податоци, е 2.663 лица.

Денеска италијанските власти соопштија дека бројот на заболените од вирусот во земјата се искачил на 322.

Како што беше посочено во соопштението, денеска биле регистрирани првите два случаи, меѓу кои и еден во туристичката дестинација Фиренца, додека еден турист заразен е потврден и во Сицилија.

Иако постои паника кај жителите, сепак премиерот денеска изјави дека Италија е безбедна за туристи.

 

Џузепе Конте потенцираше и дека Италија е безбедна земја за туризам и покрај избувнувањето на епидемијата.

– Италија е безбедна земја за патувања и туризам, можеби побезбедна од многу други, рече Конте.

Во Италија досега се пријавени повеќе од 280 пациенти со коронавирус и седум смртни случаи.

На социјалните мрежи можеа да се забележат и многу фотографии од празни супер маркет, кои покажуваат дека луѓето исплашени од коронавирусот за да не излегуваат од своите домови, купуваат на големо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.