петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



За среќа на Детска клиника бројките се малку подобри.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 18:20

Нови 33 лица заразени од морбили: Четворица се во критична состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нови 33 лица со морбили се хоспитализирани денеска на Инфективната клиника во Скопје. Четири од нив се во критична состојба.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена.

-Вчера имаше пет нови прегледани пациенти со морбили, а двајца се примени на болничко лекување. Во животозагрозувачка состојба е 16- годишната пациентка со церебрална парализа и масивна пневмонија. Во потешка состојба на одделите има тројца возрасни, информираат од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

За среќа на Детска клиника бројките се малку подобри. Во моментов десет доенчиња се лекуваат болнички, но ниту едно не е во критична состојба, потврдија од клиниката. Инаку од минатиот месец е прогласена епидемија од морбили на територија на цела Македонија. Беше одлучено ниту едно невакцинирино дете да не биде примено во градинка. Исто така, се намалува и старосната граница за вакцинирање со МРП од дванаесет на 6 месеци.

Со мерките се опфатении здравствените работници кои задолжително ќе се вакцинираат со две дози.

Вчера Светската здравствена организација повика на подобра покриеност со вакцинација против морбили, кои кај заболено дете можат да предизвикаат смрт или инвалидитет. Според податоците со кои тие располагаат во последните месеци, болеста се повеќе се шири „во земји со висока вакцинална покриеност, вклучувајќи ги и САД, како и Израел, Тајланд и Тунис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.