Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2020 17:03

Нови 33 случаи на Ковид-19 во земјава- едно лице почина на пат кон Инфективна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Куманово 6
– Штип 3
– Прилеп 7
– Тетово 1
– Струга 1
– Кочани 2

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404, информираше министерот Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести