Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти. Починати се 14 лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2021 17:38

Нови 361 заразени со коронавирус, 14 лица починале

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 и тоа во следните градови:

Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2, Пехчево-2 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти.
Починати се 14 лица.

Од нив тројца се починати во домашни,а останатите во болнички услови.

Со овие податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...