Токму пратеничката Канческа Милевска преку СЈО, како декаден министер за култура, е осомничена за перење пари со што сумата за реконструкција достигна над 11.5 милиони евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 7:43

Нови 810 илјади евра за реконструкција на Албанскиот театар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанскиот театар во Скопје ќе добие нови 810 илјади евра од буџетот на Министерството за култура предвидени за идната година.

Ресорниот министер Асаф Адеми соопшти дека очекува оваа национална установа набрзо да биде готова.

Реконструкцијата трае веќе пет години, а се пробија неколку рокови. Последното ветување од установата е дека зградата ќе биде готова до Нова Година.

Предвидени се 50 милиони денари за Театарот во Скопје, за кој верувам дека дефинитивно ќе заврши реконструкцијата на објектот и ќе се стави во употреба. – рече министерот за култура, Асаф Адеми.

Инаку, самото Министерството за култура пред две недели објави извештај кој го изготви надворешна ревизорска група, а се однесуваше токму на реконструкцијата на Албанскиот театар. Документот со заклучоците е доставен до Владата, но се уште не е разгледуван на седница.

Според анализата на независната ревизија досега за санација на зградата се потпишале договори во вредност од 10 милиони и 600 илјади евра. Предистрага во рамки на „Скопје 2014“ поврзана со реконструкцијата на Албанскиот театар води и СЈО. Дополнително до Катица Јанева доставен е извештајот на посебните ревизори, но документи за реконструкција на театарот испратила и финансиската полиција.

Министерот посочи дека дополнително формирал работна група во рамки на министерството кое ги истражува наодите во извештајот кој е препратен и до државната ревизија, но и до министерството за финансии

Ги презедовме сите неопходни дејствија, ги информиравме надлежните органи, испративме писмо до различни институции и државната ревизија каде што ги информиравме за ситуацијата констатирана од комисијата што ја формирав. Исто така ќе се земе во предвид и информацијата од Националниот институт, Албанскиот театар во Скопје, целосна информација ќе се достави и во Владата. – додава министерот Адеми.

Министерството за култура месецов го објави посебниот извештај.

Во документот беше наведено дека неквалификувани лица ги воделе тендерските постапки. Вредноста на проектот била зголемена. Иако немало никаква промена во проектот во 2012 година, сумата на обезбедени пари била зголемена за цели еден милион евра.

Дополнително работната група утврдила дека фирмата „Шенција“ која ја врши реконструкцијата имала две подружници, што било спротивно на законот.

Од Албанскиот театар пак, посочуваат дека санацијата на објектот е според сите законски прописи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...