Ниту мајката ниту новороденчето немаат никакви симптоми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 19:14

Новороденче на ГАК заразено со коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Oд Гинеколошко-акушерската болница за Телма потврдуваат дека се родило бебе заразено со коронавирус.

Како што информира телевизијата, станува збор за новороденче кое е изолирано во посебна просторија и можно е да се заразило со вертикална трансмисија од мајката. Од клиниката ја потврдуваат оваа информација, но оставаат простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид 19 што до сега не беше докажано дека постои.

Ниту мајката ниту новороденчето немаат никакви симптоми.

По препорака на министерството се прави уште еден тест и се чекаат резултатите. Мајката пак имала позитивен тест но само на еден антиген, а не на двата потребни, сега ќе се чекаат и нејзините резултати. Таа имала хроничен б хепатит, па поради тоа бебето морало итно да се даде на доење кај мајката. И

До сега од почетокот на пандемијата ваков случај не е потврден во земјава, па се очекува во текот на денот додатните испитувања да покажат дали е можно ковид 19 да се пренесува со вертикална трансмисија.

Директорката на ГАК, Јовановска за Канал 5 вели дека се е во ред и со мајката и со бебето, немаат никаква клиничка симптоматологија за инфекција со Ковид-19 и испратени се дома во изолација.

„И мајката и бебето се добри и се испишани за дома“, вели Јовановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести