На 11 јануари 2019 година Македонското собрание ги усвои уставните измени, од Договорот со Грција за решавање на спорот за името.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јануари, 2019 16:27

Новото име “Северна Македонија” излезе во Службен весник

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Одлуката за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија е објавена во саботата во шестиот број на Службен весник на РМ.

На 11 јануари 2019 година Македонското собрание ги усвои уставните измени, од Договорот со Грција за решавање на спорот за името, со што македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.

Оваа одлука ја потпиша претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Со двотретинско мнозинство пратениците во рамките на 75. седница ги донесоа амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен е и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Уставните измени со кои името на државата се менува во Република Северна Македонија ќе стапат во сила откако Договорот од Преспа и Протоколот за пристапување на земјата во НАТО ќе биде ратификувани во грчкиот Парламент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...