Сега медиумите открија дека татко на Богдан е Милош Срејовиќ, поранешен југословенски и српски атлетичар.

Објавил: admin@magazin | 14 јануари, 2021 8:34

Новото момче на Цеца е син на ПОЗНАТ СРПСКИ СПОРТИСТ: Еве за кого се работи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ново момче на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е Богдан Срејовиќ, а работи како менаџер на најпознатите локали во Белград и ја извршува таа работа со години.

Сега медиумите открија дека татко на Богдан е Милош Срејовиќ, поранешен југословенски и српски атлетичар.

Роден е во Крагуевац, а во 1978 година, стана европски шампион во трискок.

Таа година беше прогласен за најдобар спортист на Балканот. Резултатот од својата кариера го постигна во 1981 година, а скокот беше 17,01 метри, што е сè уште рекорден во Србија!

Поради повреда на тетивата, тој брзо ја заврши својата натпреварувачка кариера.

Запознавањето се случило на роденден на пријателка на Цеца, започнале романтична љубовна врска, а екипата на Paparaco lova, го фати заљубениот пар во српската метропола.

Тие се бакнаа, се држаа за раце, а не криеа ниту дека се среќни еден со друг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.