По повеќе од 18 години телевизијата престана да емитува програма на 30 јули 2011 година поради одлука на Агенцијата за електронски комуникации.

Објавил: Перо Милчин | 19 август, 2019 15:49

НОВО НОВО: А1 телевизија повторно се враќа на малите екрани?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По девет години од згacнувањето на телевизија А1ТВ чиј сопственик беше Велија Рамковски, таа наскоро повторно ќе се отвори, дознава „Скопје 1“.

Позади телевизијата ќе стои повторно истиот сопственик, а според неофицијални информации, во реобновувањето на А1 ТВ ќе учествуваат и други лица. Информацијата засега не е официјално потврдена.

А1 Телевизија е поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил.

Сопственикот на А1 Телевизија и уште неколку негови соработници во исто време беа во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок. Во јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија била оформена и нова А2 телевизија.

Првиот сигнал во телевизијата го добила на 20 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1 Телевизија пред нејзиното затварање била една од најгледаните телевизии во Република Македонија. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк

А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.

По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 30 јули 2011 год. поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ – Скопје има отворено стечајна постапка.

Дел од македонските експерти сметаат дека ова е пресметка на владејачката партија со А1 телевизија која известувала од опозициска страна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.