Временска прогноза во нашата земја!

Објавил: Владо Марин | 6 март, 2020 7:13

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ: Следуваат ветрови и нова циклонска активност во Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Под влијание на нова циклонска активност која се формира над северна Италија, во текот на денешниот ден од запад облачноста постепено ќе се зголемува.

Во попладневните и во вечерните часови особено на запад и на север ќе има повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје и околината облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да достигне до околу 14 степени.

За време на викендот ќе имаме врнежи во поголем дел од државава, особено на запад и на север истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со грмежи и повремено ЗАСИЛЕН ветер.

Максималните дневни температури поради јужното струење ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 10 до 18 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...