Светската економија доживеа огромен удар од енергетската, а сега и кризата во Украина!

Објавил: Перо Милчин | 25 април, 2022 6:34

Нов заем од ММФ, Македонија бара 600 милиони

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Нов пакет помош чека стопанството од новиот заем кој државата го договара со  меѓународните институции.

Потребни се најмалку 600 милиони евра. Министерот за финансии Фатмир Бесими од пролетните средби во Вашингтон соопшти дека се преговара за заем со пониска камата од Еврообврзницата.

Парите ќе се наменат за бизнисот и граѓаните. Стопанствениците велат дека најмногу пари во моментов им требаат за да ја подобрат ликвидноста.

„Ние треба тие средства треба да ги намениме за бизнис заедница бидејќи најголем товар од кризата го чуствуваат и покриваат токму тие. Наша надеж е дека тие пари таму ќе завршат, а не за социјални аспекти.“ кажа Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија!

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак смета дека најавените заеми ќе се користат само за враќање на стари доспеани долгови, според него во криза не е време за развојни политики.

„Овие 600 милиони што претстојат да се задолжи државата. Тие се средства кои Македонија нема можност да ги користи за друго освен враќање на стари долгови./ Очекувано беше дека Македонија ќе мора освен 1 милијарда за криза со пандемија сега исто и требаат за надминување на кризата од Украина. “ кажа Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии!

Светската економија доживеа огромен удар од енергетската, а сега и кризата во Украина. Меѓународните институции и Народната банка веќе ја ревидираа стапката за раст на домашната економија од 4,2 на 3,2% годинава и 2,7 отсто наредната. Според експертката јавност ја живееме најголемата криза досега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...