Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени вчера во Албанија уби 24 лица, а 650 се повредени. Изутринава во 7.20 часот се забележаи нови послаби земјотреси, од 3,4 степени 29 километри северо-западно од Драч, пренесува ЕМСЦ.

Објавил: Весна Петровска | 27 ноември, 2019 9:34

Нов земјотрес на Балканот – земјотрес од 6 степени ги испаничи граѓаните

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нов потрес на Балканот, земјотрес од 6 степени ги испаничи граѓаните. Силен земјотрес ја погоди и Грција изутринава со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е близу Крит, со јачина од 6,0 степени според Рихтер, пренесува ЕМСЦ. Потресот е почувствуван и во Атина.

– Почувствував земјотрес, но не забележав никаква штета. Луѓето веднаш излегоа на улиците, се создаде метеж – напиша еден Грк на Твитер.

Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени вчера во Албанија уби 24 лица, а 650 се повредени. Изутринава во 7.20 часот се забележаи нови послаби земјотреси, од 3,4 степени 29 километри северо-западно од Драч, пренесува ЕМСЦ.

Ова е 42-от земјотрес што е почувствуван во Јадранот во последните 34 часа.

Балканскиот полуостров лежи на линијата меѓу две големи тектонски плочи- африканската и евроазиската- и земјотресите се чести.

Движењето на јадранските микро-плочи исто така продуцира земјотреси.

Најсилниот земјотрес кој го погодил регионот во изминатите децении е скопскиот во 1963 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.