Хрватска ќе гради нов мост и нов граничен премин со федерацијата Босна и Херцеговина, во вредност од 29.5 милиони евра, проект кој по 6 години чекање почна да се реализира

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 14:33

Нов мост над Сава, нова врска меѓу две држави (видео)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Службениот весник на Хрватска е објавен тендер за изградба на мост преку реката Сава меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска во Босанска Градишка.

Секретарот во Министерството за комуникации и сообраќај на Босна и Херцеговина, Игор Пејиќ, рече дека во 2012 година е потпишан меѓународен договор меѓу Хрватска и БиХ за изградба на мостот.

За жал, годините што се зад нас донесоа таква ситуација мостот да не може да се реализира, тој дури не е ни почнат. По низа активности во кои вложивме голем труд резултатот е видлив на начин што вчера беше објавен тендер за изградбата на мостот. – рече тој.

Тендерот е објавен во Службениот весник на Хрватска и според законите на Европската Унија поради својата вредност од 221 милиони куни или околу 29.5 милиони евра мора да биде објавен и во Европскиот гласник за јавни набавки.

Повикот за понуди ќе биде отворен до 20 ноември годинава. Рокот за изградба на мостот е 30 месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.