И во политички азил за политички прогон од актуелната власт, Груевски добива времени мерки притвор, кои судскиот совет скоро да планира да ги изрече за сите тековни постапки

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 11:47

Нов притвор од 30 дена за Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

„Титаник“ е предметот за кој поранешниот премиерот Никола Груевски заработи нов притвор во времетраење од 30 дена.

Ова го соопштија претседателот на Судечкиот совет Осман Шабани кој кажа дека Советот донел одлука на обвинетиот да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање.

Мерката притвор беше побарана на минатото рочиште од страна на обвинителката на СЈО Лиле Стефановска. Претходно, Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.

Имајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител, поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП, на обвинетиот Никола Груевски му одредува мерка притвор во траење од 30 дена, и истата стапува во сила од денот на неговото лишување од слобода. -стои во објавата на судот.

Денешното рочиште за „Титаник“ продолжи со читање на СМС пораки. Најголем дел од СМС пораките што се презентираат во судница се меѓу обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и се однесуваат на организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести