Настанот и видео материјалот од случајот ќе бидат објавени вечерва и на in7, додека пак материјалот го подготвува познат медиум.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 17:29

НОВ СКАНДАЛ ВО ВЛАДА: Заменик министер фатен како примил поткуп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантна вест одекна во јавноста со која се тврди дека член на македонската Владата која ја формираше премиерот Зоран Заев на позицијата заменик министер е фатен како прима пари за да изврши одредена услуга, известува in7.

Настанот и видео материјалот од случајот ќе бидат објавени вечерва и на in7, додека пак материјалот го подготвува познат медиум.

Инаку Владата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт во Република Северна Македонија и е составена од Претседател на Владата во случајот премиерот Зоран Заев, и негови заменици и министри.

Актуелниот состав на Владата беше одбран на 31 мај, 2017 година, после парламентарните избори од декември, 2016 година. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат за состав на Владата од претседателот Ѓорге Иванов. Собранието со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 „воздржани“ ја изгласа Владата на премиерот Зоран Заев.

Владата се избира од Собранието на Република Северна Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, најчесто по парламентарни избори. 

Актуелниот состав на Владата беше одбран на 31 мај, 2017 година, после парламентарните избори од декември, 2016 година. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат за состав на Владата од претседателот Ѓорге Иванов. Собранието со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 „воздржани“ ја изгласа Владата на премиерот Зоран Заев. 

Мандатот на Владата е да ги реализира политичките определби предвидени во Програмата за работа на Владата 2017-2020. Надлежностите на Владата можете да ги прочитате тука. Владата има и повеќе комисии, за чија работа можете да прочитате тука.

Претседател на Владата на Република Северна Македонија е Зоран Заев. Претседателот на Владата има 5 заменици:

  1. Заменичка на Претседателот и министерка за одбрана – Радмила Шекеринска
  2. Заменик на Претседателот и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
  3. Заменик на Претседателот, задолжен за економски прашања – Кочо Анѓушев
  4. Заменик на Претседателот, задолжен за европски прашања – Бујар Османи
  5. Заменик на Претседателот и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците – Садула Дураки

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика