Дури  13,97 милиони евра, а не 6,5 милиони потрошила Државната Лотарија за коцкарски слот-машини.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 10:59

НОВ СКАНДАЛ: Државната лотарија потрошила не 6 туку 14 милиони евра за машини за коцкање!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Илија Димовски  на својот Фејсбук профил објави нов скандал овој пат за Државна Лотарија.

 

Дури  13,97 милиони евра, а не 6,5 милиони потрошила Државната Лотарија за коцкарски слот-машини.

Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати.

Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 €.
Вториот пат на 02.01.2020 за
6.548.500 €.

Вкупно оваа државна фирма потрошила
13.970.700 € за коцкарски апарати.

Димовски на фејсбук објави фотографија со која откри дека Државната лотарија направила два тендери за набавка на коцкарски апаративо рок на 20 месеци.

„Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати, по што следуваа низа коментари на сметка на Власта, а најчести се оние од револтираните граѓани:

“Народот нема леб да јаде,деца умираат зошто државата нема пари да им плати лекување,ама за коцкарски апарати имаат. Расипничка влада дно”.  “Toa е перална за пари, мора некогаш да се стави крај”, се само дел од коментарите.

Државна лотарија е современо акционерско друштво, за одговорно приредување игри на среќа за граѓаните на територија на Македонија. Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели. Државна лотарија, активно придонесува во збогатување на содржините и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на нашата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.