Незадоволството го изразија пред Вишиот покраински суд во Брауншвајг .

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2019 21:50

Нов скандал за „Фолксваген“: Илјадници луѓе го тужат автомобилскиот гигант поради измама

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стотици илјади незадоволни купувачи на автомобили покренаа судски процес поради измамата со издувни гасови од германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“.

Незадоволството го изразија пред Вишиот покраински суд во Брауншвајг .

Имено станува збор за незадоволни купувачи кои од автомобилскиот гигант бараат да ги обештети поради манипулативниот софтвер вграден во автомобилите  со дизел мотори, кој покажува погрешно ниво на издувни штетни материи.

Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во Европа и во 11 земји во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Африка, а вкупниот број вработени изнесува 592.586. Во ноември 2016 година, „Фолксваген“ постигнал договор со синдикатот за укинување на 30.000 работни места до 2021 година, со цел да ја зголеми профитабилноста. Автомобилски модeли[уреди | уреди извор] Есента 2016 година, на саемот за автомобили во Лос Ангелес, „Фолксваген“ го претставил новиот модел на автомобилот „е-голф“, опремен со нова литиумско-јонска батерија од 35,8 kWh, со можност за автономно возење до 200 км. Новиот модел имал електромотор со моќност од 134 коњски сили, со забрзување од 0 до 96 км/час за 9,6 секунди и со максимална брзина од 150 км/час.

За сега се уште е неизвесно дали ќе се прифати нивната жалба а судот допрва ќе оценува колкава е претрпената штета.

Наспроти купувачите од автомобилскиот гигант  „Фолксваген“ тврдат дека нема никаква штета и продолжуваат да ги користат своите автомобили, а според германските закони употреба на софтвер кој манипулира со нивото на издувните податоци е спротивно на законите.

Тужителите во процесот се претставувани од Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и од германскиот автомобилски клуб АДАК. Тие претставуваат околу 470.000 клиенти на „Фолксваген“.

Ова не е прв ваков скандал, во 2015 година групацијата „Фолксваген“ исплати казни од неколку милијарди долари во САД, каде беше откриена манипулација со вредноста на штетните издувни гасови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.