Куќата се наоѓа во Горно Нерези, во местото викано Рупе, а според катастарските парцели се простира на површина од над 1000 м2.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 февруари, 2020 19:33

НОВ СКАНДАЛ СО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Фирмата која добивала најмногу тендери во здравството му гради куќа на министерот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ТВ Алфа објави нов скандал поврзан со министерот за здравство Венко Филипче. По допис до редакцијата на Алфа дека сопственик на фирма која, особено во последните неколку години, редовно добива огромни тендери за набавка на медицинска опрема за државните болници, кој е и пријател на Филипче, гради куќа, заедно со, според засега непотврдени информации, тештата на министерот за здравство, екипата тргна во потрага по објектот.

Куќата се наоѓа во Горно Нерези, во местото викано Рупе, а според катастарските парцели се простира на површина од над 1000 м2.

Сопствениците на парцелите кои се уште фигурираат како ниви, се наведени и во агенцијата за катастар на недвижности. Истите соодвествуваат на имињата што како инвеститори се впишани на таблата пред објектот.

Екипата на Алфа го контактирала сопственикот на „Синерџи“, но не успеале да добијат одговор бидејќи тој дне бил на работното место, а директорката, пак не одговорила на барањата за личен контакт од нејзиниот претпоставен.

Алфа го праша и министерот Филипче, дали е близок со сопственикот на фирмата „Синерџи“ која патем, само пред неполн месец си доби тендер за набавка на медицински материјал за државната клиника за трауматологија „тежок“ 1,7 милиони евра. Филипле посочи дека се пријатели.

Ниту потврди, ниту негираше дека негов, како што посочи, не многу близок пријател, инаку редовен добитник на многубројни тендери, гради куќа заедно со мајката на неговата сопруга.

Но, на дирекно прашање на Алфа, дали има договор со пријателот, куќата да му припадне нему како подарок, Филипче, низ насмевка вели „јас не можам да кажам што можам да очекувам, дај боже.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.