Ова е трета средба на претседателите на двете Кореи, кои се повеќе се приближуваат на ставот дека треба и да се обединат во една држава во скора иднина

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 14:05

Нов состанок на претседателите на двете Кореи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае ин, ќе ја позиционира денуклеаризацијата како главна тема во агендата на средбата со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг ун, која ќе се одржи оваа недела.

Поради недостигот на напредок по неодамнешните преговори, раководителот на Кабинетот на јужнокорејскиот претседател, Им Јонг сеок, е претпазлив во поглед на зголемените очекувања од тридневниот самит што ќе започне утре во Пјонгјанг.

“Не можеме да предвидиме колку успешен ќе биде резултатот”, рече Им.

Мун, кој имаше улога на медијатор во нуклеарните преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, утре патува во главниот град на Северна Кореја со делегација која има повеќе од 200 луѓе.

Двајцата водачи треба да разговараат за подобрување на односите меѓу двете земји и за чекорите за ублажување на воените тензии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести