Се дознава дека тој бил уапсен за кривично дело измама, т.е. поради правосилна пресуда за случајот 2015 година - кога тој беше осуден за измама на три лица за 16.500 евра, јавуваат медиумите.

Објавил: Весна Петровска | 7 ноември, 2019 17:27

Нов шок уапсен Драгоје Миликовиќ, бизнисмен од Прибој кој во мистериозно писмо е обвинет дека ја убил Јелена Марјановиќ

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Драгоје Милинковиќ од Прибој, кој беше идентификуван како убиец на пејачката Јелена Марјановиќ во анонимно писмо доставено до Високиот суд во Белград, е уапсен по наредба на Основниот суд Прибој.

Се дознава дека тој бил уапсен за кривично дело измама, т.е. поради правосилна пресуда за случајот 2015 година – кога тој беше осуден за измама на три лица за 16.500 евра, јавуваат медиумите.

Милинковиќ, наводно денеска сакал да оди во полиција, на полиграф, поради обвиненијата дадени во спомнатото писмо.


За потсетување, вчера во судот во Белград започна судењето за случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ на втори април, 2016 година.

Судијата Јелена Шкулиќ во постапката која се води против обвинетиот Зоран Марјановиќ, денеска на странките им предаде писмо од анонимен човек од Швајцарија.

Таа го информирала обвинителството и бранителите дека на 22 октомври присгинало мистериозно писмо од Швајцарија и дека обвинителството треба да одлучи дали ќе постапи по него.

– Овој момент го чекав три и пол години. Верувам дека судницата е место за тоа, бидејќи мене не ми беше дадено шанса за тоа. Се против мене и моето семејство е спин, се пишуваше се и сешто, се зборуваше по емисии и се тоа додека бев во притвор, а никој не реагираше – изјавил Марјановиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.