Новак Ѓоковиќ повторно го освои Дубаи!

Објавил: Владо Марин | 29 февруари, 2020 19:59

НОЛЕ ШАМПИОН: Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

Фото/Текст извор: ©Спорт 1

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пети пат го освои турнирот во Дубаи, во моментов има 21 победа во низа, а од Обединетите Арапски Емирати порача: „Сакам да останам непоразен цела сезона“.

Факт е дека ова е тешко остварливо, особено што веќе е во поодминати години, но воедно не е невозможно кога е во прашање Ѓоковиќ.

Ова беше одлична недела за мене, која заврши со победа над Циципас. Никогаш не е лесно да се игра против него. И тој е во одлична серија, беше прилично тешко. Момент за пресврт беше првиот сет, истакна Србинот.

Целта на Новак е јасна, а со пораката и се „закани“  на конкуренцијата, пред се на Надал и Федерер.

Сакам да останам непоразен цела сезона, се шегувам, всушност не се шегувам! Зошто да не биде така. Имав добар старт годинава. Ќе се обидам да продолжам да победувам, да добивам што повеќе самодоверба, додаде Србинот.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис