Норвешкиот државен обвинител го испитува поранешниот министер кој е обвинет за сексуална злоупотреба на три лица.

Објавил: admin@magazin | 29 ноември, 2018 23:01

Норвешки министер обвинет за силување на мигранти!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот конзервативен министер Свејн Лудвигсен (72) од Норвешка, е обвинет за силување на мигранти, објави норвешкото Министерство за правда.

Државниот обвинител го испитува поранешниот министер. поради сексуална злоупотреба на три лица, појасни државниот адвокат Тор Борге Нордмо. Тоа се случувало во неговата куќа и во хотели во периодот помеѓу 2011 и 2017 година, се наведува во обвинението.

Бегалската криза во Европа почна во 2015 година, а поранешниот министер е обвинет за период од 2011 па до 2017 година, што посочува на фактот дека Норвешка сепак била мета на азилантите уште од многу порано.

Лудвигсен е обвинет за злоупотреба на функцијата полициски управник на регион, при што тој ја искористил тешката положба на три лица кои барале азил, и притоа сексуално ги искористил. Лицата биле многу помлади од него, а додека пак едниот од нив бил со лесна ментална болест.

Норвешка  после искуството со  мигрантскиот бран, од 2015 ги воведе нај острите закони во Европа. Норвешка е богата земја благодарејќи на Нафтената индустрија. Норвешка има само пет милиони жители . ВО 2015 година Норвешка почна со депортација на азилантите кои во Норвешка дошле со Руска виза. Вкупно 5500 лица беа префрлени во Русија. Во 2018 година азиланти во Норвешка скоро и да не доаѓаат. Интересен е фактот дека во Норвешка досега не побарал азил ниту еден Сириец.

Пред да стане полициски управник, поранешниот конзервативен функционер беше на највисоките државни функции, меѓу кои и министер за риболов меѓу 2001 и 2005 година. Тој на норвешката јавност и е познат по своите скандалозни изјави и случувања во Норвешка.
Лудвигсен ги отфрли сите обвинувања и изјасни дека не се чувствува виновен.

За време на бегалската криза во Европа во 2015 година, една од земјите која беше лукративна за бегалците беше и Норвешка, поради тоа што во Норвешка одлуката за прифаќање или не, се носи само во рекордни 24 часа. Според статистиките од норвешкиот одел за странци, до 2015 година, во Норвешка живеат 741 813 мигранти. Една друга статистика пак од 2017 година, покажува дека најповеќе барања за азил доаѓа од соседна Србија  со 1032 барања (извор: lanederdaten.info) што е зачудувачки знаејќи го фактот дека во Србија ниту се води војна ниту пак земјата е во тешка политичка криза. Додека од земјите во регионот најповеќе барања се од Албанија со 86 барања, потоа Босна и Херцеговина со 14 барања. Од Македонија во 2017 година немало ниту еден кој побарал азил, но затоа пак дури седум особи од Австралија побарале азил во Норвешка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.