После несреќата лекарите во Германија се бореа за неговиот живот, но музичарот ноќеска не издржа и почина во Германија.

Објавил: Перо Милчин | 18 февруари, 2019 6:57

Ноќеска почина и шоферот кој го возеше Шабан Шаулиќ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во стравична несреќа која се случи вчера во раните утрински часови во Германија, настрада познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ. Зад воланот управувал неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ, кој ноќеска за жал им подлегна на повредите.

Заедно со Шабан Шаулиќ во возилото кое тргнало на аеродром биле неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ и музичарот Мирсад Кериќ.

Во тешката несреќа која се случи вчера во Германија, настрада српскиот пејач Шабан Шаулиќ, а ноќеска на повредите им подлегнал и неговиот музичар Мирсад Кериќ (43). Мирсад го управувал автомобилот, Шабан седел покрај него а додека пак на задните седишта бил сместен неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ.

После несреќата лекарите во Германија се бореа за неговиот живот, но музичарот ноќеска не издржа и почина во Германија.

Неговите пријатели се простуваат од него на друштвените мрежи, па покрај фотографиите оставаа и потресни пораки.

Шабан Шаулиќ загина во Германија вчера наутро на 67 годишна возраст, а неговите обожаватели и понатаму се во неверување за смртта на легендарниот пејач.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...