Тој вели дека меѓу починатите лица двајца се цивили, а другите 12 биле хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид – 19.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 септември, 2021 5:28

Нуредини: Сомнително е како пожарот се прошири толку брзо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повредените од пожарот во модуларната болница во Тетово се во стабилна состојба и немаат сериозни повреди, вели координаторот на ковид центарот во Тетово, д – р Гзим Нуредини во изјава за Телевизијата 24.

Тој вели дека меѓу починатите лица двајца се цивили, а другите 12 биле хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид – 19.

Ковид центарот беше снабден со неопходниот кадар како лекари, специјалисти, технички персонал, медицински сестри, така што немавме никакви проблеми. Што се однесува до посетите од страна на роднините, кај нас има пациенти коишто се роднини на некои од медицинските сестри или други вработени. Можеби и тоа допринесува да има роднина на некој пациент, но сите тие беа задолжени да ги почитуваат анти – ковид мерки, така што не ги остававме посетата да им трае подолго од 15 минути. Се знае дека тоа е казниво, вели д – р Нуредини.

„Откако се случи пожарот, имавме веднаш информација и цела клиника беше пред модуларната болница, и тоа траеше 3-5 мин, за тоа време се евакуирани пацентите, за кратко време чадот ги зафатил просториите.

Ни беше сомнително како чадот толку брзо се прошири“, рече докторот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.