Дебата на Тв Алсат!

Објавил: Владо Марин | 6 март, 2020 6:29

НУХИУ: ДУИ немаше формални коалиции ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак, со СДСМ за локалните и за претседателските избори

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Агим Нухиу од Демократската унија за интеграција рече дека ДУИ со целосна свесност и надлежности одлучи на минатите избори да ја поддржу коалицијата со СДСМ, дури нарушувајќи го принципот “победник со победник”.

Тој изјави дека партијата секогаш се водела од интересот на граѓаните Албанци и државниот интерес.

„Ние имаме институт за креирање политики и истражување на широката јавност со цел да бидеме на иста линија со очекувањата на граѓаните Албанци, без да се запостави и интересот на меѓународните партнери. Токму поради ова, ДУИ со целосна свесност и надлежности одлучи да ја поддржи коалицијата со СДСМ, дури нарушувајќи го принципот „победник со победник“, рече Нухиу.

УИ не може да негира коалиција со СДСМ во 2017 година, вели Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците во реплика кон претставникот на ДУИ, Агим Нухиу во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат.

Како може да се негира коалицијата со СДСМ во 2017 година и коалицијата со СДСМ за претседателските избори и да вели не сме коалицирале, ова не можам да го разберам, тоа беше отворено и со што се гордееја и во ова студио сме имале дебати, потоа зборува за етатистички политики на ДУИ, овде сѐ може да се види само етатистички политики не сум видел“, рече Мемеди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.