о оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас - граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2020 15:15

Нухиу од денеска министер за внатрешни работи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска  во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на  д-р Агим Нухиу.

Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори, нагласи Чулев!

Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас – граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав, потенцираше Чулев!

Воедно, сакам да се заблагодарам на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за исклучително високо ниво на исполнителност изминатиот период, а пред се на вработените во мојот кабинет кој со исклучително високо ниво на одговорност, чесност и посветеност, пожртвувано пристапуваа на исполнување на работните задачи и обврските.

 На крајот посакувам и апелирам што поскоро да се формира владиното мнозинство, а тоа ќе значи и враќање на институциите во својот полн капацитет.

 Јас од утре се враќам на моето претходно работно место во Агенцијата за разузнавање од каде ќе продолжам да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи, заклучи Чулев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.