„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…”, напиша Нухиу на Фејсбук.

Објавил: Владо Марин | 10 август, 2020 11:33

Нухиу: Потпишани актите за албански јазик на полициските симболи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…”, напиша Нухиу на Фејсбук.

Неодамна екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев официјално му ја примопредаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ досега беше заменик министер на МВР.

Во согласност со постоечките законски одредби, од МВР информираа дека Нухиу ќе раководи со ова министерство до изборот на новата Влада на Република Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи.

Покрај Чулев, од МВР си замина и актуелната дополнителна заменик министерка Славјанка Петровска.

Покрај во МВР, смени се направија и во другите министерства. Од Министерството за труд и социјална политика си замина дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ, при што ова министерство до формирањето на новата влада ќе биде раководено од досегашниот заменик министер Ѓонул Бајрактар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести