Значи да повторам: не може да ја урнат власта неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со поинаква сексуална ориентација.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 август, 2019 11:59

НAЈЧЕВСКА: “Владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев рече дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа влада од власт. По скандалозната изјава на премиерот, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Начевска во која вели дека веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.

Ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на професорката Мирјана Најчевска:

Многу малку веројатно е неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со нехетросексуална ориентација да ја урнат владата.

Многу веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.
Меѓутоа најлесно од се владата можат да ја урнат апологети на власта (како на пример Ѓорѓи Спасов) кои очигледно не разбираат дека некои грешки не може и не смее да се покриваат затоа што покривањето само по себе уште повеќе ја продлабочува грешката.
Во случајот со употребата на зборот педер во неговото наводно колоквиално значење (па уште содржано и во речникот на македонскиот јазик како најголем срам) всушност се промовира и поддржува поврзувањето на сексуалната ориентација со одредени психолошки карактеристики.

Тоа е исто како премиерот да кажал: се извинувам на луѓето од африканско потекло ама ова нигериве … или, се извинувам на жените ама долга коса краток памет, или, се извинувам на Албанците, ама ова Шиптариве, или …
Значи да повторам: не може да ја урнат власта неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со поинаква сексуална ориентација.
Меѓутоа владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе, кој не разбира дека и не баш добриот новинар треба да биде слушнат што кажува и дека било која од основите за дискриминација употребени во пежоративна смисла значи отворен атак врз одредена група, промоција на предрсуди и поддржување на дискриминација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести